Во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19, девет починати и 524 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции.
Од деветте починати лица три се од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени осум починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г.
Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на КОВИД-19.Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а на активни случаи изнесува 3.431.