Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1986 тестови регистрирани се 201 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 249 пациенти, а починати се пет лица.

Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице – едно од Куманово (75г) и второто од Тетово (83г). Двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени уште три починати лица од Охрид (1), Гостивар (1) и Виница (1), на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 година. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Кај сите пет починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715.

By Author