Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје соопшти, во последните 24 часа направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи со КОВИД-19, двајца починати и 296 оздравени пациенти.
Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.
Од двете починати лица, едното е од Скопје (63г), а другото од Струмица (77г). Починати се во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица, од Скопје (73г) и Гевгелија (63г). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај три се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, а бројот на моментално активни случаи изнесува 1.890.