Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи со КОВИД-19, десет починати и 414 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица од кои четири од Скопје ( 88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени четири починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а три лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а на активни случаи изнесува 3.233.