Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на КОВИД-19, 61 оздравен пациент и нема пријавено ниту едно починато лице.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431.

By Author