Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 258 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 59 реинфекции.
Починато лице е од Скопје на возраст од 66 години и со регистриран коморбидитет. Починато е во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а на активни случаи изнесува 1.973.