На Вања Кнежевиќ, која беше дисквалификувана од натпреварувањето „Ѕвезде Гранда“ поради конфликт со жирито, и помогна балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ да ја сними својата прва песна.

Кнежевиќ не крие колку и е благодарна на Цеца за помошта и поддршката што ја имаше од неа во најтешките моменти, но потенцира дека не сака да биде како балканска дива, туку дека сака да најде свој правец во музиката .

“Немав можност да ја запознаам Цеца, но се слушнавме преку пораки. Јас сум многу благодарна за тоа што ми даде таква можност во животот и уште еднаш покажа колку голем човек е таа”, изјави таа за “Свет” додавајќи:

„Се воодушевувам на нејзината кариера, но не сакам да бидам како Цеца или Анастасија, тие се одлични, но сакам да најдам своја насока, мислам дека сите треба да бидат единствени“.

By Author