Ако треба да грицкате нешто навечер, изберете сложени јаглехидрати, здрави масти и протеини.

Навечер метаболизмот е побавен, па затоа треба да јадете најмалку два часа пред спиење. Сепак, постојат намирници кои можете слободно да ги консумирате по 18 часот, па дури и по 20 часот.

„Кога сте гладни, треба да јадете нешто, без разлика на времето“, вели нутриционистот Алис Ремзи.

Кога ќе огладнете после вечерата, нутриционистката Ребека Диткофов советува да јадете една од овие или комбинација од овие намирници: на пример, половина чаша грчки јогурт или парче сирење (протеин), четвртина авокадо или четвртина од чаша ореви (здрави масти), нешто од сложени јаглехидрати, како што се житарици или две третини од чаша пуканки. Добар избор е и овесната каша.

„Јаглехидратите се добар избор бидејќи доведуваат до ослободување на инсулин, кој и помага на хемикалијата триптофан да дојде до мозокот и побрзо да заспие“, велат нутриционистите, додавајќи дека комбинацијата на јаглехидрати и протеини го потиснува апетитот, па ќе бидете сити до утрото.

За нутриционистот Валдез, протеинот е најдобар. Ако ви се јаде нешто, тој ви препорачува грчки јогурт со овошје, а неговата листа вклучува и месо, сирење и чаша млеко.

By Author