Во солена или слатка варијанта, крофните ги сакаат сите. Нивниот мирис не враќа во нашето безгрижно детство, па со нив никогаш нема грешка.

Состојки:

1 јајце
14 лажици брашно
1 чаша јогурт
малку шеќер
малку сол
половина кесичка прашок за пециво
масло за пржење

Подготовка:

Во изматеното јајце додадете јогурт, сол и шеќер. Потоа додадете го брашното со прашок за пециво. Сè убаво изматете со жица.
Додадете масло (околу два прста) во тавата. Кога добро ќе се загрее, вадете од тестото со лажица и полека спуштајте го во тавата.
Наредете ги во чинија обложена со хартиени крпи.

Добар апетит!!!

By Author