Состојки
2 јајца
200 гр ситно сирење
2 чаши пченкарно брашно
2 чаши пченично брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 чаша минерална вода
1 шолја масло
сол

Подготовка

Измешајте пченкарно брашно, пченично брашно, прашок за пециво и малку сол
Во друг сад изматете ги јајцата
Додадете сирење, масло и минерална вода
Измешајте и истурете во брашното
Добро измешајте ја смесата и ставете ја во подмачкани калапи за мафини
Се пече во рерна загреана на 220 степени, десет минути
Намалете ја температурата на 200 степени и печете уште дваесетина минути
Кога убаво ќе се заруменат извадете ги и послужете ги со јогурт и суво месо или со крем сирење.
Од оваа смеса излегуваат околу 12 парчиња.

Ако јадете луто, на тестото можете да додадете и буковец , па ќе добиете пикантно пециво.

By Author