Настапот на Сека во Будва , го одбележа и присуството на светски познатата манекенка Александра Амбросио, која била воодушевена од пеачката.
Фолк ѕвездата Сека Алексиќ приреди спектакуларен настап во позната дискотека во Будва, а на големо изненадување на нејзините обожаватели, но и самата пејачка, во клубот се појави најпознатата светска манекенка Алесандра Амбросио која моментално престојува во Црна Гора.
– Алесандра Амбросио престојува во Црна Гора со своите пријатели. Бидејќи го сака Балканот и енергијата на нашиот народ, таа изрази желба нејзините пријатели да ја изнесат на забава. Предложија тоа да биде настап на Сека Алексиќ. Алесандра беше воодушевена од енергијата на Сека, па дури и ја спореди со Бразилката.
Најмногу и се допадна песната Аспирин, а остана до крајот на настапот да се запознаат.