Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека – Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 188 случаи на КОВИД-19, од направени 2.245 тестови. Починале тројца, а оздравени се 119 пациенти.
Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (79г), Куманово (84г) и Прилеп (88г) , сите лица се починати во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица ( 3 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066, бројот на оздравени пациенти е 293.819, на починати е 9.206, а бројот на активни случаи изнесува 2.041.