Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира направени се 1.221 тестирање и оти од регистриранините 89 нови случаи на КОВИД-19. Во изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице.
Од вкупниот број на ново позитивни регистрирани (89), 20 се реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85). Лицето починало во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (70). Лицето починало во домашни условина 30 април 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.