Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1424 тестови КОВИД-19 и регистрирани се 139 нови случаи, 86 оздравени пациенти и не се пријавени починати лица соопшти Министерството за здравство .

Од вкупниот број нови позитивни, 25 се реинфекции.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (73г), кој починал на 1 мај 2022  во домашни услови.

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 310 063 однаправени  2 026 507 тестирања. Оздравени се 300 107 пациенти, бројот на починати е 9284, а активни случаи има 672.

By Author