Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи со КОВИД-19 и 85 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително регистрирани се две починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Регистрирани се во период од 9 до 17 април.

Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на КОВИД-19.Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а на активни случаи изнесува 553.

By Author