Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 2.152 тестови, а регистрирани се 126 нови случаи на КОВИД-19,  152 оздравени пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (126), регистрирани се 19 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.516, бројот на оздравени пациенти е 298.251, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.004.

By Author