Министерството за здравство соопшти согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се: 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи со КОВИД-19, четири починати и 198 оздравени пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции.

Починато лице е од Скопје (82г). Починало во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени три починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот 07.03-08.04.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови. Кај сите четири починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.990.996 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.294, бројот на оздравени пациенти е 297.922, на починати е 9.260, а на активни случаи изнесува 1.112

By Author