Министерството за здравство соопшти, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19, четири починати и 246 оздравени пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (150), регистрирани се 27 реинфекции.

Починато лице е од Демир Хисар (68г). Починато е во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени тројца починати од Скопје на возраст од 58 до 93 години. Пријавените лица се починати во периодот 12-17.03.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови. Кај сите четири починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 307.967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а на активни случаи изнесува 1.111

By Author