Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи со КОВИД-19, четири починати и 355 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Од четирите починати, две се од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 година.

Кај сите шест вкупно починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а на активни случаи изнесува 1.782.

By Author