Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.996 тестови, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (70г и 92г) и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Битола (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53г до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 2.091.