Ја нарекуваат „Челичната дама“ во фудбалот и се смета за еден од најдобрите директори во светот на фудбалот.

Во 2018 година Forbes ја стави на петтото место на листата Најмоќните жени во меѓународните спортови.

Марина Грановскаја(47) е долгогодишен деловен соработник на сопственикот на европскиот и светски фудбалски шампион Челзи, Роман Абрамович, а од 2013 година е директор на лондонските „сини“.

Францускиот спортски дневен весник „Екип“ објави текст за неа во кој меѓу другото се наведува дека Грановскаја сака да работи подалеку од камерите. Упатените во францускиот весник ја опишуваат како интелектуалец кој се бори со спортските агенти. Мино Раиола, еден од највлијателните во европскиот фудбал, наводно се судрил со мистериозната Грановскаја.

Грановскаја, според приказните, често работи во необични времиња, најмногу преку WhatsApp. Кога Абрамович ја вработил, агентите наводно мислеле дека ќе биде лесна за „менаџирање“. Но, тоа не се случи. Еден од најбогатите луѓе во Русија има апсолутна доверба во неа.

Кога ја познаваш, откриваш драга, весела и многу културна личност – изјави претседателот на актуелниот француски шампион Лил Оливие Летанг за Грановскаја, која има руско и канадско државјанство и чија историја на односи со Абрамович датира од далечното минато. .

Французите потсетуваат дека Грановскаја му била помошничка на Абрамович во нафтената компанија Сибнефт во 1997 година. Шест години подоцна, откако го купи Челзи, ја повика во Лондон, за во 2013 година да стане една од водечките луѓе на клубот кој минатата сезона по вторпат ја освои титулата во Лигата на шампионите, а неодамна стана и клупски светски шампион.

Таа е главен преговарач при префрлање и склучување договори. Таа наводно добила високи пофалби што го убедила Тиаго Силва да дојде во Челзи. Таа го привлече вниманието и при продажбата на Белгиецот Еден Азар во најголемиот клуб во светот Реал Мадрид, под чиј притисок не сакаше да се откаже. Таа беше подготвена да го задржи до истекот на договорот, по што белгискиот напаѓач би заминал порано отколку да го продаде под цена.

By Author