Полицискиот час се уште е на сила но постојат оние кои го прекршуваат имено полициските службеници утврдиле 19 прекршувања на забраната за движење во полициски час и изрекле 584 санкции за неносење маска во претходното деноноќие на територијата на Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

By Author