Откако мораше да ја напушти земјата поради одбивањето на визата од страна на австралиските власти, Новак Ѓоковиќ допатува во Дубаи, каде неостана долго.

По трансферот, српскиот тенисер се качи на авион за Белград, каде ќе пристигне по 11 дена правна битка за настап на Австралија опен.

Ѓоковиќ во неделата мораше да го напушти Мелбурн, откако судот ја потврди одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок да му ја укине визата и по неколкучасовен лет утрово пристигна во Дубаи, каде беше пречекан од навивачите.

Иако немаше многу време, Ѓоковиќ имаше трпение за сите оние кои случајно се нашле на аеродромот додека бил таму и кои сакале да ја овековечат средбата со најдобриот тенисер на планетата.

Според планот, авионот на Ѓоковиќ треба да слета во 12.10 часот, но може да има одложување, бидејќи се доцнело половина час со полетувањето.

By Author