Светскиот рекет бр.1 има историска прилика да достигне неколку рекорди – евентуалниот триумф на турнирот би му го донел 10топт пехар на Австралија опен, а воедно и 21та грендслем титула во кариерата со што би станал најтрофејниот тенисер во историјата
Даниел Ендрјус првиот човрк на австралиската држава Викторија во која се наоѓа градот Мелбурн јавно порачал дека сите запослени во професионалниот спорт мораат да бидат вакцинирани најкасно до 26ти Ноември. Моментално од овие правила се изземени крикет играчите и тенисерите, но од Тениската асоцијација на професионалците (АТП) индирекно е потврдено дека се планира истото за престојниот Австралија опен “Иако го прифаќаме правото на избор за секого, исто така веруваме дека секој играч има улога да помогне што поголема група да го достигне безбедното ниво на имунитет” – кажал портпаролот на АТП. Тоа би можело многу да влијае на настапот на Џокович кој во Мелбурн треба да ја брани титулата освоена оваа година. Познато е дека тој не е вакциниран и не брза со таа одлука “Одлуката дали ќе ја примам вакцината ќе ја задржам за себе. Се надевам дека тоа ќе го почитувате. Не сакам да бидам етикетиран како ЗА или ПРОТИВ вакцините. Мило ми е што играчите имаат избор” – изјави своевремено Новак.
Моментално Џокович, Федерер и Надал се со по 20 освоени титули на најголемуте турнири.
Австралија опен на програмата е од 17ти до 30ти Јануари 2022година.