Ивана Николиќ, Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ ја однесоа Србија во финалето на Евровизија со песната „Локо, локо“.
Реакцијата на српската дружина по пласманот во финалето можевме да ја проследиме на снимката во живо на Инстаграм профилот на Марија Шерифовиќ која сними моменти зад сцената по влегувањето на србинките во финалето.
Македонија иако без свои претставник на сцената сепак ќе има некој кој ќе ја претставува во финалето а тоа е македонскиот текстописец Дарко Димитров кој го правеше аранжманот на песната Локо,Локо заедно со Немања Антониќ и е дел од српската делегација.
Од комшиите во финалето на ураганките им се придружија и Грција, Бугарија и Албанија.
https://www.instagram.com/tv/CPHAKDinwLU/?utm_medium=copy_link
Земјите кои се пласираа во финалето во втората полуфинална вечер се Србија, Сан Марино, Бугарија, Молдавија, Албанија, Португалија, Исланд, Швајцарија, Грција и Финска.
Да потсетиме, претставничката на Албанија на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија во Ротердам, Ангелија Перистери, излезе пред новинарите на прес-конференцијата пред првата полуфинална вечер и го покажа симболот на Голема Албанија – двоглав орел , Ксенија возврати со кревање три прста.
Foto: Instagram Printscreen