И покрај забраната, денеска во Париз се одржа митинг за поддршка на Палестинците во Појасот Газа, каде се собраа меѓу 3.000 и 4.000 луѓе, а полицијата уапси 15 лица.
Шефот на париската полиција Лоран Нуњез изјави дека се изречени 1.077 казни, пренесе телевизијата БФМ.
Потребен е итен прекин на огнот за да се запре убиствата на жени, деца, мажи, изјави заменик-градоначалничката на Корбај-Есон Елза Туре, тврдејќи дека израелската држава со години го крши меѓународното право.
Францускиот управен суд денеска напладне потврди дека демонстрациите се забранети, наведувајќи дека постои сериозен ризик од нарушување на јавниот ред и мир поради порастот на антисемитизмот во Франција по настаните во Газа.