Болницата „Ел Кудс“ во Појасот Газа, каде се засолниле околу 14 илјади жители, се најде под оган, јави телевизијата „Ел Хадат“.
Во соопштението се додава дека мета биле источната и јужната страна на болницата.

Денеска е 23 ден од конфликтот меѓу Израел и Хамас. Израелската армија пред два дена влезе во Појасот Газа, со што започна втората фаза од војната, за која засега нема многу информации. Газа е на удар на израелски ракетен истрел од почетокот на конфликтот на 7 октомври, со хуманитарна катастрофа на хоризонтот. Од друга страна, Хамас му понуди на Израел да ослободи дел од затворениците, додека Тел Авив ги предупредува жителите на Газа веднаш да одат на југ поради гранатирањето.

„Евакуацијата значи убиство“
Во споделената видео-изјава, Црвената полумесечина вели дека нема средства да се евакуира болницата Ал Кудс во Газа.

„Имаме над 400 пациенти кои се во болница, многу од нив се на одделението за интензивна нега. Да ги евакуираш значи да ги убиеш. Затоа ја отфрламе наредбата за евакуација. Ја повикуваме меѓународната заедница веднаш да интервенира за да се запре хуманитарната катастрофа што се развива“, соопшти Црвената полумесечина.

Исто така, се вели дека околу 14.000 раселени цивили, од кои повеќето се деца и жени, сега престојуваат во болница.

By Author