За полицијата во овој момент останува целосна мистерија да погоди кој и за што би сакал да ја убие убавицата, Малиса Муни, модел од Лос Анџелес, чие тело беше пронајдено на почетокот на септември, според истрагата била набиена и врзана во фрижидер.

Убиецот и ги врзал рацете и нозете на Малиса, и ставил завој на устата, а во телото биле пронајдени траги од кокаин.

Официјални лица во Лос Анџелес на почетокот на месецот објавија дека Муни умрел со насилна смрт, но дури сега се објавени страшните детали за тоа како биле пронајдени посмртните останки на 31-годишниот.

Во посмртниот извештај се наведува дека Мунијева се здобила со повреди од тап предмет во пределот на главата и левата рака.

Токсиколошките наоди покажуваат дека таа во телото имала бензоилекгонин (метаболит на кокаин), како и мешавина од кокаетилен и етанол.

– Трауматските повреди забележани на обдукцијата генерално сами по себе не се сметаат за опасни по живот. Сепак, врз основа на околностите во кои беше пронајдена г-ѓа Муни, овие повреди сугерираат дека таа најверојатно била вклучена во насилна физичка пресметка пред нејзината смрт. Со оглед на тоа, улогата што дрогата и/или алкохолот можеби ја одиграле во смртта на г-ѓа Муни, доколку ја има, е неизвесна, се наведува во извештајот на патологот.

Муни беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на 12 септември, откако нејзината мајка повикала полиција бидејќи не можела да стапи во контакт со својата ќерка.

Кога полицајците влегле во станот го нашле нејзиното претепано и врзано тело, а под неа имало локва крв.

Има и докази дека манекенката била задавена. Истрагата откри дека некој го користел нејзиниот мобилен телефон, компјутер и други гаџети кои биле поврзани со нејзиниот iCloud.

Сестрата на Малиса, Журден Полин, која е локална поп-ѕвезда, откри дека на социјалните мрежи и апликациите за разговор, статусот на Муни бил онлајн неколку дена, што значи дека кој и го украл телефонот и лаптопот на жртвата, продолжил да ги држи вклучени и веројатно извлекува некои информации од нив.

Таа рекла дека Малиса во моментот кога била убиена била бремена два месеца и дека отсекогаш сакала да биде мајка.

Малиса се вселила во луксузниот стан еден месец пред убиството.

By Author