На 18.08.2023 во 18.00 часот во с.Мојанци, кочанско, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода В.Л.(47) од с.Мојанци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.