На 18.08.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом во с.Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ“, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава-соопштуваат од МВР.

By Author