Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за управување под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР. 

By Author