Ништо не може да го подигне расположението повеќе од добар тренинг.
Без разлика дали станува збор за трчање, возење велосипед, аеробик или пилатес, добар тренинг е одличен начин да бидете фит и задоволни со вашиот изглед. Сепак, ништо не може да ве „турне“ на земја по тренинг како што е тоа главоболката. Ако се прашувате зошто се случува тоа, во продолжение ви откриваме кои работи можеби ви предизвикуваат главоболка.
Не пиете доволно вода
Речиси е излишно да се нагласи колку е важно да се внесува доволно вода во текот на денот. Додека тренирате, неизбежно се јавува потење, а со тоа и губење на течности. Ако вашето тело е дехидрирано поради недостаток на вода, вие не само што ќе почувствувате неподнослива главоболка, туку и грчеви во мускулите, вртоглавица и гадење, па дури и нагон за повраќање.
Низок шеќер во крвта
Недоволниот шеќер во крвта е исто така една од причините за главоболки после тренинг. Ова секако не значи дека треба да изедете цела чоколада пред тренинг, туку дека треба да практикувате здрава и урамнотежена исхрана. Вашето тело согорува еден тон калории за време на тренингот, па затоа вашата исхрана треба да биде богата со јаглерохидрати.
Премногу се форсирате
Ако неодамна започнавте тренинг во која вложувате дополнителен напор, за да изгледате и да се чувствувате подобро, има шанси да ве боли главата. Овој вид на главоболка се јавува со екстремен физички напор, за кој телото не е подготвено. Вашето тело испраќа повеќе кислород до мускулите кои прават вежби наместо вашиот мозок, што всушност предизвикува главоболка.
Не спиете доволно
Ако во текот на ноќта не сте се одмориле најдобро, големи се шансите да завршите со страшна главоболка. Имајте на ум дека потребни ви се најмалку 8 часови квалитетен сон за да бидете подготвени за добар тренинг кој нема да резултира со главоболка.