Од вкупно 819 тестирања во последните три дена, од 28 до 30 октомври 2022, регистрирани се 71 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 86 пациенти, а не се пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции.
Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.