Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 09.09 до 11.09.2022): Направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на КОВИД-19,  347 оздравени пациенти и пријавени се 2 починати лица.

Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 36 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (09.09 – 11.09.2022) пријавени се 2 починати лица, по едно лице од Скопје (79г) и Валандово (86г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 – 89г. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.08. до 01.09.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.

By Author