Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 1108 тестови, а регистрирани се 491 нови случаи на ковид-19, 595 оздравени пациенти и 3 починати лица.
Од вкупниот број позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 5 август до 13 август 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 140 325 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337 040, бројот на оздравени пациенти е 324 120, на починати е 9437, а бројот на активни случаи изнесува 3483.