Откако властите во средината на јули објавија дека Белгија е во седмиот бран на пандемијата „Ковид-19“, белгиските виролози сега предупредуваат дека некои од рестриктивните мерки најверојатно ќе бидат вратени од 1 септември, а на прво место повторната задолжителна обврска да се носат заштитни маски за лице.

– Доколку наесен се појави нова варијанта, подобро да бидеме подготвени. Маските за лице во јавниот превоз тогаш веројатно би биле првата мерка што владата би можела повторно да ја воведе – рече водечкиот белгиски виролог Марк ван Ранст.

Податоците покажуваат дека пикот на инфекции со Ковид-19 со сојот BA.5 омикрон го достигнал својот врв во Белгија и дека бројот на нови инфекции почна повторно да опаѓа.

Се наведува дека досегашните мерки за вентилација се „доволни“, но се посочува дека на почетокот на учебната година и кога луѓето ќе се вратат од одмор, можно е повторно да бидат потребни заштитни маски за да се спречи брзото ширење на вирусот.

Во Белгија, повеќе од 9,09 милиони луѓе се целосно вакцинирани против Ковид-19, што претставува 89 отсто од возрасната популација и 78 отсто од вкупното население во земјата, а 7,17 милиони од нив ја примиле првата бустер доза.

By Author