Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи со КОВИД-19 и 321 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (504), регистрирани се 133 реинфекции.

 Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), починати во домашни услови, пријавени за починати на 16.06.2022 и 30.06.2022г.

Досега во земјата се направени вкупно 2.096.095 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, бројот на оздравени пациенти е 306.309, на починати е 9.339, а на активни случаи изнесува 2.490.

By Author