Долго време се веруваше дека природно слабите луѓе се движат повеќе, па можат да јадат што сакаат. Меѓутоа, истражувачите откриле дека е спротивното – тие всушност помалку вежбаат, но и јадат помалку.
Со проучување на исхраната и нивото на енергија на 150 многу слаби луѓе и споредувајќи ги со 173 луѓе со нормална тежина, тие заклучија дека природно слабите луѓе прават 23 отсто помалку физичка активност и поминуваат повеќе време седејќи или лежејќи. Тие јаделе и 12 отсто помалку храна. Студијата траеше две недели.
Истражувачите откриле дека послабите луѓе имаат побрз метаболизам во мирување, што им помогнало да согоруваат повеќе калории надвор од физичката активност отколку просечниот човек.
„Резултатите беа вистинско изненадување. Честопати, кога луѓето разговараат со многу слаби поединци, слушаат дека јадат што и кога сакаат. Но, нашата работа покажа дека тие всушност јадат многу помалку од луѓето во опсегот на нормалниот индекс на телесна маса (БМИ)“, вели професорот Џон Спајкман од Универзитетот во Абердин, кој ја водел студијата.
Истражувачите се обврзале да го проучуваат метаболизмот на слабите луѓе, како и работата на нивната тироидна жлезда, генетиката и други аспекти, а веќе пронашле некои генетски недостатоци кои би можеле да објаснат зошто овие луѓе потешко се здебелуваат.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека природно слабите луѓе можат да се извлечат без премногу вежбање, врз основа на нивната мала телесна тежина и помал апетит, бидејќи тие покажале помал лош холестерол во студијата од луѓето со нормална тежина.
Студијата е објавена во списанието „Cell Metabolism“.