Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи со КОВИД-19 и 102 оздравени пациенти.
Од вкупниот број позитивни случаи, регистрирани се 81 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице, а не се регистрирани починати лица ниту во регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“.
Досега во земјата направени се вкупно 2.085.639 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 314.794. Бројот на оздравени пациенти е 304.341, на починати 9.327, а на активни случаи изнесува 1.126.