Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи со КОВИД-19 и 110 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство .
Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (68 г и 73г), починати на ден 05.06.2022 во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.081.796 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а на активни случаи изнесува 800.