Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022): Направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19, 288 оздравени пациенти и едно починато лице.
Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.
Во текот на изминатите 3 дена (24.09 – 26.09.2022) пријавено е едно починато лице, од Скопје (87г) и истото е починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица. Од починатите лица, 2 се пријавени од Скопје (91г и 89г) и едно лица од Кавадарци (71г). Од пријавените починати лица, 2 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08 до 15.09.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.166.641 тестирање на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.