Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи со КОВИД-19 и 97 оздравени пациенти соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (193), регистрирани се 49 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (85г) и Берово (76г), починати на ден 13.06.2022 и 20.06.2022. Едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.082.690 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327, а на активни случаи изнесува 895.