Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19, 73 оздравени пациенти и не се пријавени починати лица.
Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80г), Охрид (82г) и Куманово (75г). Сите лица се починати во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 17.04 – 17.05.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а на активни случаи изнесува 542.