Сакате да ослабете, но ви е доста од оние диети кои ветуваат невозможно? Тогаш зошто да не го пробате рецептот на Јапонците кои се познати по здравата исхрана и за само две недели ослабнете 7 килограми?

Јапонската исхрана се смета за една од најздравите во светот, а тоа е најважната причина зошто тие живеат подолго, се повитални и подолго изгледаат помлади. Оваа диета е двонеделен план на исхрана чија цел е промена на навиките на телото и забрзување на метаболизмот.

Јапонската диета трае 14 дена и нејзините автори ветуваат дека во тој период метаболизмот ќе се забрза и ќе се воспостави подобар ритам на работа. Во тие две недели е забрането консумирање шеќер, алкохол, вештачки сокови, брашно и производи од брашно. Се препорачува да се пие што повеќе вода (на 1 литар вода можете да додадете еден исцеден лимон). Се препорачува и лесна физичка активност (пешачење) по 30 минути секој ден.

Оваа диета има два циклуса, т.е. секој ден се повторува еднаш по одреден период, во загради можете да видите кој ден:

Прв ден (13-ти ден)

Појадок: Црно кафе.

Ручек: Две тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол.

Вечера: риба на скара или варена.

Втор ден (11-ти ден)

Појадок: Црно кафе, парче црн леб.

Ручек: Печена или варена риба, салата од зеленчук или зелка со растително масло.

Вечера: 200 гр варено говедско месо, чаша јогурт.

Трет ден (8-ми ден)

Појадок: Црно кафе, тост (од црн леб).

Ручек: големи печени тиквички, две средни јаболка

Вечера: Две тврдо варени јајца, 200 грама варено говедско месо, салата од свежа зелка со растително масло.

Четврти ден (9-ти ден)

Појадок: Црно кафе.

Ручек: Ендо ровко јајце, 3 големи варени моркови со растително масло, 15 грама тврдо сирење.

Вечера: овошје.

Петти ден (10-ти ден)

Појадок: Голем свеж морков со сок од лимон.

Ручек: Голема варена или печена риба, чаша сок од домати без сол.

Вечера: Свежо сезонско овошје во количина што ја сакате.

Шести ден (14-ти ден)

Појадок: Црно кафе.

Ручек: Половина варено пилешко, салата од варена зелка или моркови со растително масло.

Вечера: две варени јајца, салата од зеленчук.

Седми ден (12-ти ден)

Појадок: Чај без шеќер.

Ручек: 200 гр варено говедско месо, овошје (сезонски до 200 гр).

Вечера: Изберете вечера од кој било ден освен третиот.

За време на оваа двонеделна диета, можете да сметате на губење до 7 килограми.

Пред да започнете со оваа диета, консултирајте се со вашиот лекар!

By Author