Италијанците пишуваат дека Ноле ќе биде ВИП ѕвезда на Сан Сиро.

Фудбалерите на Милан вечерва од 21 часот ќе го пречекаат тимот на Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Двата италијански тима досега двапати играа во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Во сезоната 2002/2003, „росонерите“ се пласираа во полуфиналето, како и две сезони подоцна, кога беа подобри од градските ривали во четврт-финалето.

Италијанските медиуми, поточно „Кориере дело Спорт“ пишуваат дека Новак Ѓоковиќ, кој е меѓу ВИП гостите, овој дуел ќе го следи во живо од трибините на Сан Сиро. Заедно со колегата Матео Беретини и неговата нова девојка Мелиса Сата.

Од друга страна, локалната „Република“ наведува дека има невиден интерес за овој натпревар и оти билети за овој дуел побарале околу два милиони луѓе. Во превод тоа значи дека стадионот би можел да се наполни дури 26 пати.

Новак моментално се наоѓа во Италија каде следната недела се очекува да го одигра Мастерсот во Рим, а нема сомнеж дека ќе навива за домаќинот со оглед на тоа дека е познато дека е навивач на Росонерите.

By Author