Читањето од дланка своите корени ги влече уште од дамнешно минато. Не е важно дали верувате во она што дланката ви го кажува или не, читањето од дланка пред сè се прави за разонода и за забава, а како активност ја обожавале и нашите предци.

Ако линијата на среќата е нагласена и јасна, тогаш ќе ви се отворат патишта во животот.

Се што треба да направите е да погледнете на дланка! Линијата на среќа се нарекува и линија на судбината, бидејќи открива каква судбина не очекува. Се гледаат и левата и десната рака, но десната е поважна.

Општо земено, ако линијата на среќата е нагласена и јасна, тогаш ќе ви се отворат патишта во животот, а доколку е бледа и испрекината, тоа значи дека ќе треба да се потрудите како би си го отвориле патот.

Ако линијата на среќа започнува на брегот на Сатурн, тоа значи дека личноста ќе стекне богатство и просперитет, но постои и склоност кон тврдоглавост и ароганција.

Ако започне од брегот на Јупитер, загарантиран е исклучителен успех и среќа на сите полиња од животот. Во тој случај, најдобро е да го правите она што го сакате.

Ако започнува на брегот на Венера (значи исклучиво на дланка), секогаш ќе имате среќа во љубовта, но ќе треба да се потрудите за други работи.

Ако започне од Месечината, ќе мора да ја побарате вашата среќа некаде далеку од местото каде што сте родени. Во спротивно, секогаш ќе се чувствувате заробени.

Ако започнува на брегот на Меркур, имате исклучителна дарба за говор и способност за манипулирање, особено со зборови. Упатете се во таа насока и нема да погрешите. Можеш да бидеш одличен предавач, но и политичар.

Ако започне од брегот на Марс, ќе имате силни амбиции и висока позиција во општеството.

Секако, на секое од овие значења треба да го примените споменатото правило кое се однесува на тоа дали линијата е чиста или прекината.

By Author