Парот се решил на овој чекор за да ги испочитуват сите гости, бројните роднини и пријатели.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се венчаа на крајот на јули во манастирот Ражиновац во близина на Белград, а на церемонијата присуствуваа само најблиските членови на семејството.

Сепак, парот планира да организира голема свадба, а иако првично мислеле дека тоа ќе биде само во Шпанија, односно во Севиља, наводно се предомислиле.

Така Анастасија и Гудељ ќе направат дури 3 свадби. Едната ќе биде во Севиља каде што живеат, втората што сакаат да ја организираат во Требиње, родниот град на родителите на фудбалерот, Оливера и Небојша, а третата во Белград.

Парот се решил на овој чекор за да ги испочитува сите гости, бројните роднини и пријатели.

Како што планираат забавата ќе се одржи на дури три локации. И на двајцата им е важно сите членови на нивните семејства да бидат среќни и задоволни, како и нивните пријатели. Така забавата ќе биде во три држави: Србија, Босна и Херцеговина и Шпанија. Ражнатовиќ и Гудељи се семејства кои сакаат прослави и тоа нема да им биде проблем. Немања и Анастасија веќе размислуваат за термините за се да организираат како што доликува и согласно обврските кои спортистот ги има кон клубот. Не сакаат никого да оптоваруваат, туку сè презеле на себе – вели соговорникот за Курир.

Според него, тоа нема да биде класична свадба.

Во Севиља ќе биде забава за пријателите и соиграчите на Немања од клубот, во Белград и Требиње за семејството и пријателите. Сега ги разгледуваат сите детали и наскоро ќе ја започнат организацијата – заклучува изворот.

By Author