Во емисијата „Народ пита“ на телевизија Пинк гостуваше Алмир Асановиќ кој во медиумите се претстави како полковник и пилот на воздухопловството и противвоздушната одбрана.

За време на емисијата изјави дека е лудо вљубен во поранешната „задругарка“ Ана Чурчич, а и неколку пати и изјавил љубов.

Сега Министерството за одбрана соопшти дека Алмир Асановиќ, кој во медиумите е претставен како полковник и пилот на воздухопловната и противвоздушната одбрана, не е припадник на српските вооружени сили и никогаш не бил.

„Заради вистинито информирање на јавноста и спречување на дезинформации, Министерството за одбрана соопштува дека Алмир Асановиќ, кој во медиумите се претставува како полковник и пилот на воздухопловството и противвоздушната одбрана, не е припадник на српските Вооружени сили ниту некогаш бил“, се вели во соопштението, а пренесува „Танјуг“.

Се додава дека именуваното лице во јавноста се појавува во униформа на Армијата на Југославија, со ознаки на Армијата на Југославија, кои веќе не се во употреба во Армијата на Србија.

Да потсетиме, Алмир во јавноста се огласи и како поранешен сопруг на Дивна ДНК, исто така поранешен учесник на ова реално шоу.

By Author