Сметам дека ќе бидам премиер на Црна Гора до 2024 година“, рече Здравко Кривокапиќ во интервју за Би-Би-Си на српски јазик на крајот на јули 2021 година.

Нешто повеќе од седум месеци по тоа интервју, Здравко Кривокапиќ веќе е сменет.

Поточно, Собранието на Црна Гора по петчасовна расправа му изгласа недоверба на премиерот Кривокапиќ, со што автоматски се сруши целата влада.

Иницијативата за гласање доверба на Владата на Црна Гора дојде од Црно-белата коалиција која беше дел од владата и опозициските партии.

Гласаа 54 пратеници, од кои 43 беа за недоверба, а 11 против, изјави претседателот на Собранието Алекса Бечиќ а со тоа е изгласана и недоверба на 42-та Влада на Црна Гора.

Црногорскиот парламент има 81 пратеник.

По дебатата, пратениците на Демократскиот фронт (ДФ), Социјалистичката народна партија (СНП) и Движењето за промени (ПзП) ја напуштија салата.

Премиерот Здравко Кривокапиќ и поголем дел од министрите во пресрет на почетокот на седницата ја напуштија собраниската сала.

Ден претходно беше одржана собраниска седница по барање на премиерот Здравко Кривокапиќ со цел смена на Дритан Абазовиќ од вицепремиерската функција.

Но, пратениците не го усвоија дневниот ред, па не се разговараше за разрешувањето на Абазовиќ.

Власта на Здравко Кривокапиќ траеше точно 14 месеци.

Потпретседателот на УРА, Милош Конатар, по изгласувањето недоверба на Кривокапиќ изјави дека во сабота ќе започнат консултациите за формирање нова влада.

Тој додаде дека лично би сакал Дритан Абазовиќ, кој е и претседател на движењето УРА, да биде мандатар.

Тој при дискусијата посочи дека ДПС нема да биде дел од идната влада.

Абазовиќ претходно денеска изјави дека владата го исполнила својот мандат и дека политичката ситуација е таква што „можеби не можела да оди понатаму“.

Тој додаде дека се преговара со актуелното парламентарно мнозинство, а низа разговори, како што наведе, веќе се водени.

Целта е Црна Гора да излезе од блокадата, а доколку не е можно да се формира нова влада, потребно е да се оди на избори.

извор-Би-Би-Си

By Author