Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска излезе со синот Вељко, ќерката Анастасија, снаата Богдана и внукот Жељко на гробот на покојниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан по повод 22-годишнината од неговата смрт.
Цеца и неговото семејство дошле на гробиштата молчејќи, облечени во црно, а малиот Жељко, синот на Вељко Ражнатовиќ, за прв пат присуствувал на поменот на својот дедо.
На комеморацијата покрај семејството присуствуваа и најблиските пријатели.
Светлана Цеца Ражнатовиќ, синот Вељко, ќерката Анастасија околу 11 часот дојдоа на гробиштата и положија цвеќе на гробот, а покрај семејството и пријателите имаше и свештеник кој ја одржа панихидата.
Да потсетиме, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во хотелот Интерконтинентал (денешна Краун Плаза), кога во него пукал Драгослав Гавриќ.